Куманово ја совлада Лирија

Кошаркарите на Куманово забележаа важен триумф над Лирија, откако на домашен терен во 6. Коло од Суперлигата ја совладаа со 80:77. Кумановци имаа контрола над резултатот во поголемиот дел од натпреварот, а Лирија се закани само во завршницата, кога се доближи на еден поен негатива.

Урош Луковиќ со 19 поени и 13 скока беше творец на триумфот на Куманово, Немања Врањеш постигна 13, а Вукашин Мандиќ беше стрелец на 12 поени.

Кај Лирија, Диме Тасовски беше најефикасен со 20 поени, Трајковски со 19, а Јелесиевиќ натпреварот го заврши со 12 кошеви.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.