Куманово ќе добие дополнителни количини на вода

Дополнителни количини вода ќе се пуштат во Општина Куманово, со што би се решил моменталниот проблем со водоснабдување со вода за пиење на општина Куманово.

Ова беше решено на денешниот состанок на Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Михаил Цветков со директорот на водостопанство Кумановско-Липковско Поле, Филип Филиповски, директорот на ЈП Водовод Куманово, Горан Стојковски и пратеникот од Куманово, Зоран Ѓорѓиевски .

Исто така присутните на состанокот се договорија во рок од пет дена двете страни да потпишат заемно прифатлив договор за долгорочно снабдување со вода кој е законски услов за испорака на вода.

Водостопанство Кумановско Липковско Поле превзема обврска во рамките на своите можности веднаш да почне со дистрибуција на вода преку алтернативни цефководи, а ЈП Водовод Куманово превзема обврска за редовно плаќање на фактурите согласно заеднички договорена цена и сервисирање на старите долгови спрема водостопанство Кумановско Липковско Поле.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.