Фото: Куманово лидер во нелегална сеча на дрвја

Огревното дрво од денеска се продава во 22 складишта помалку од вчера. При направената проверка од страна на надлежните институции на 241 објект каде се продава огревно дрво, 22 складишта се затворени. Најголемиот број на складишта кои работеле со доза на неправилности се во Тетово и нивната бројка е осум, а потоа следуваат Велес со шест, Струга со пет, Охрид со две, и Струмица со едно затворено складиште.

Од Министерството за внатрешни работи, известуваат дека за време на рутинската контрола се случиле неколку инциденти за кои ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Berovo_juni 037 (2)

Во текот на контролата запленети се четири возила во кои нелегално се пренесувале огревни дрва.

Според извештајот на МВР, најмногу нежигосано огревно дрво е одземено во Куманово и тоа 117,2 кубни метри, потоа во Охрид, 64, Тетово 47, Штип 43,5, Струмица 35,7, Скопје 15, 4, како и Битола каде се одземени 6 кубни метри дрво.

За време на контролите, екипите на Управата за јавни приходи изрекле 59 казни, за фирми кои го прекршиле Законот за готовинско плаќање, со што секој од нив ќе треба да плати глоба од по 3.500 евра или 2.500 евра за фирмата, а 750 евра за одговорното лице. Најмногу казни се изречени во Велес, а потоа и во Скопје, Тетово, Струга и Кочани.
Во три складишта во Тетово, Струга и Гостивар утврдено е дека не се води дневен финансиски извештај, за што е изречена вкупна казна од 8.400 евра или по 2.800 евра по складиште.

Berovo_juni 037

Констатирани се и 83 прекршоци на Законот за трговија и Законот за метрологија, од страна на Државниот пазарен испекторат за што е пресметана вкупна глоба од 173.600 евра. Најмногу прекршители има во Скопје, а потоа во Струга, Тетово, Штип…

Во вчерашната контрола учествуваа екипи составени од полициски службеници, припадници на крим-полицијата, Посебните единици на полицијата, инспектори на УЈП, Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за шумарство и ловство, Трудовата инпекција, како и Шумската полиција.

Kumanovo_дрва1 (2)

Ohrid_Sl. 029

Stip_DSC_0854 (3)

Tetovo_XSC_0052 (1)

Tetovo_XSC_0052 (4)

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.