среда, 26 јули 2017  |  Вести денес: 42

Куманово најзагаден град во Европа, градоначалникот од СДСМ не презема ништо

Во предизборната кампања СДСМ ветуваа мерки за намалување на загаденоста, а во Куманово каде што раководи СДСМ со години не се преземани никакви мерки.

kumanoovo

Поврзани вести

Вчеравечер Куманово беше најзагадениот град во Европа, со 641 mg/m3 концентрација на ПМ10 честички. За илустрација, во истиот период вчера концентрација на овие честички во Гази Баба бше 294 mg/m3, а 352 mg/m3 во Велес.

Во предизборната кампања СДСМ ветуваа мерки за намалување на загаденоста, а во Куманово каде што раководи СДСМ со години не се преземени никакви мерки.

Претходно, станицата за мерење на квалитетот на воздухот не функционираше, а денеска, кога секој може да види колкава е загаденоста на воздухот во одредено место, никој нема право на изговор.

ВМРО-ДПМНЕ вчера на прес конференција побара од градоначалникот итно да преземе конкретни мерки со цел намалување на загаденоста во Куманово.

Во моментов Куманово е најзагадениот град во Република Македонија со концентрација на ПМ 10 честички од 220 mg/m3. Очигледно е дека градоначалникот и локалната самоуправа не прават ништо и не преземаат никакви мерки со цел намалување на загадувањето во нашиот град. Да беше спротивно, Куманово денеска немаше да биде лидер во загадување во нашата држава. Сведоци бевме дека СДСМ во изборната кампања ветуваше мерки со кои ќе ја намали загаденоста. Се поставува прашањето зошто во општина со која раководи СДСМ не се преземале овие мерки. Бараме од градоначалникот на општина Куманово, во најкраток можен рок да преземе конкретни мерки за итно намалување на загаденоста. Граѓаните на Куманово заслужуваат одговорна локална власт која сериозно ќе пристапи на решавање на ваквите реални и конкретни, истакнаа на прес конференција од ВМРО-ДПМНЕ.

Најчитани вести