Македонија

Куманово: СДСМ ќе градат повеќе нови мигрантски населби и згради во Куманово, НВО со кампања за подготовка на теренот

Куманово: СДСМ ќе градат повеќе нови мигрантски населби и згради во Куманово, НВО со кампања за подготовка на теренот

Преку кампања „Бегалци и кризи“, невладина организација ги подготвува граѓаните на Куманово за можна бегалска криза и изградба на повеќе нови мигрантски населби и згради во овој град.

Центарот за интеркултурен дијалог (ЦИД) од Куманово заедно со своите волонтери денеска организира настан „Бегалци и кризи“ на градскиот плоштад во Куманово.

cid

Посетителите од 17 до 20 часот ќе можат да проследат мала изложба на фотографии од децата од бегалскиот камп на Табановце, да донираат книги на арапски, англиски или некој друг јазик и да ги споделат своите размислувања за бегалската криза.

Центарот за интеркултурен дијалог (ЦИД) од Куманово е партнер со WorkCamps, кои имаат многу програми, вклучително и за градење кампови, куќи и слично.

vtora

И покрај што многу граѓани и државјани на Република Македонија немаат решено станбено прашање, за Заев и Царовска приоритет се мигрантите, па така во Националниот акциски план за интеграција на бегалци и странци 2017-2027 се предвидува изградба на 100 згради.

Во секторот „Домување“ стои следново:

Како мерка „Да се идентификуваат и обезбедат парцели на државно земјиште на располагање за инвестирање во социјални станови“.

tabmigranti-640x337

Очекувања на Владата и МТСП „Достапни локации за изградба на социјални станови“.

За надлежна институција на оваа мерка е Владата, а планирано е со „одлука на Владата; Барем 100 единици – локации да станат достапни“.

Временската рамка е од „2017 година и понатаму“.

„Проценет годишен буџет во евра – државен придонес: 100 проценти“

Дополнително во документот на МТСП наречен „Предлог нацрт стратегија за интеграција на бегалци и странци ‎2017 – 2027 година се предвидува масовно давање на државјанства на мигрантите, семејно обединување со тоа што секој мигрант ќе може да го донесе целото свое семејство, кое понатаму забрзано ќе добие државјанство, нивно вработување и нивно сместување по станови и куќи низ цела Македонија.

Според МТСП, стратегија ќе го „стесни“ фокусот на интеграцијата и ќе ги претстави стратешките цели низ четирите главни области – домување, образование, вработување и стекнување државјанство, додека прашањата поврзани со подобрувањето на системот за интеграција или мерките насочени кон раната интеграција ќе треба да се протегаат низ сите области. Останатите детали од документот „Предлог нацрт стратегија за интеграција на бегалци и странци ‎2017 – 2027“ се во продолжение:

СТРАТЕШКИ ДОКУМЕНТ: Заев и Царовска масовно ќе доселат мигранти во Македонија, ќе им даваат државјанства, вработување, станови и куќи

Документот на МТСП е наречен „Предлог нацрт стратегија за интеграција на бегалци и странци ‎2017 – 2027 година, како и Акциски план ‎2017 – 2027“.

Документот предвидува масовно давање на државјанства на мигрантите, семејно обединување со тоа што секој мигрант ќе може да го донесе целото свое семејство, кое понатаму забрзано ќе добие државјанство, нивно вработување и нивно сместување по станови и куќи низ цела Македонија.

Според МТСП, стратегија ќе го „стесни“ фокусот на интеграцијата и ќе ги претстави стратешките цели низ четирите главни области – домување, образование, вработување и стекнување државјанство, додека прашањата поврзани со подобрувањето на системот за интеграција или мерките насочени кон раната интеграција ќе треба да се протегаат низ сите области.
Стратешките препораки вклучуваат: Подобрување на пристапот до стекнување државјанство и поврзување со проактивниот ангажман за интеграција, Олеснување на процедурите за семејно обединување како поддршка за процесот на интеграција, Намалување на честотата на ревидирање на поддршката за одржливост на процесот на интеграција, Проширување на поддршката за интеграција на бегалците кои стекнале државјанство или дозвола за привремен и постојан престој, се вели во Стратегијата.