Куманово: Учениците од утре повторно во клупи, ќе се дели првична хуманитарна помош

Учениците од утре повторно ќе следат  настава, првична хуманитарна помош ќе започне да се дели за граѓаните од засегантото подрачје од „Тоде Мендол“, а Центарот за јавно здравје треба да преземе мерки за следење на евентуални заразни заболувања на подрачјето каде што се одвиваше акцијата.
Ова се заклучоците кои ги донесе општинскиот кризен штаб во Куманово кој заседаваше утрово, информираше Валентина Алесковска, секретар на општината.
Таа појасни дека одлуката за отпочнуавње на наставата во сите основни, средни училишта и градинки е донесена во согласност со Министерството за образование и наука.
Општинскиот кризен штаб донесе заклуок да се отпочне и со првична хуманитарна помош за граѓаните од засегнатото подрачје која се состои од прехрамбени продукти, брашно, шеќер, сол, зејтин, млеко, конзервирани производи.
– Помошта што ќе се дели попладнево најверојатво во просториите на населбата „Тоде Мендол“ оние семејства кои имаат мали бебиња дополнително ќе им биде поделена бебешка храна и хигиенски производи за новороденчиња, изјави Алексовска.
Потсети дека Владата на вчерашната седница донела одлука за обештетување на граѓаните од засегнатото подрачје и ќе им се додели првична помош.
Досега, информираше Алексовска, помош од локалната самоуправа побарале 57 семејства.
Општинскиот кризен штаб го задолжи и Центарот за јавно здравје Куманово будно да ја следи состојбата и евентуална појава на заразни заболувања на подрачјето каде се одвиваше полициската акција за разбивање на терористичката група.