Кумановски претприемач без причина нападнал градежен работник

Градежен работник вчера попладне бил нападнат од кумановски претприемач и уште едно непознато лица без повод и причина, информира денеска полицијата.

Дваесет и седумгодишниот Д.З. од село Пчиња, вработен во градежното претпријатие „Шмеки“, како што информира полицијата, вчера околу 15,30 часот на улицата Гоце Делчев бил физички нападнат од претприемачот.