„Кумев бротхерс продукција“ потпиша договор за соработка со МИТ

„Кумев бротхерс продукција“ потпиша договор за соработка со МИТ
„Кумев бротхерс продукција“ потпиша договор за соработка со МИТ

Универзитетот МИТ во Скопје и компанијата „Кумев бротхерс продукција“ која е лиценциран тренинг центар за софтверите на Аутодеск САД, потпишаа договор за сорабока. При тоа, се направи голема презентација во амфитеатарот на МИТ, на која  присуствуваа голем број на домашни и странски студенти кои имаа можност детално да се запознаат со сертифицираната програма за AUTOCAD, 3DS MAX и MAYA.

1

„Нашите високо стручни предавачи кои воедно ги имаат положено сите испити во аутодеск и се сертифицирани со титулата професионал детално ги запознаа студентите со основната и напредна програма за горенаведените курсеви. Студентите кои покажаа огромен интерес беа запознаени со фактот дека покрај квалитетната програма и стекнување на светски признаени сертификати ќе добијат и попуст сходно потпишаниот меморандум за взаемна соработка. Особена чест ни представува да ја имплементираме специјално изработената програма која ја развивме сходно потребите за различни насоки кои универзитетот МИТ ги има. Нашите предавачи имаа чест и задоволство да одговорат и запознаат студентите со целата лепеза на понуда која за нив специјално ја изготви нашата компанија“, велат од компанијата „Кумев бротхерс продукција“.

4

3

Покрај посета на курсот, студентите со помош на  предавачите од  „Кумев бротхерс продукција“ ќе имаат можност да изработат лично одбрани проекти кои ќе им служат како нивно „ЦВ“ и ќе им помогне во полесно полагање нивните испити.

Посебен предизвик и поттик за нашите предавачи представува фактот што тие ќе ја имплементираат целата програма и за странските студенти од Турција. Ние сме сосема сигурни дека квалитетно ќе ја завршиме обуката, бидејќи веќе една година имаме тренинг центри во Белград, Ниш и Приштина а тоа е доказ дека успешно на повеќе јазици ја имплементираме нашата напредна програма. Покрај соработката со МИТ универзитетот овој месец активно почнавме да соработуваме со државниот факултет во Белград одсек архитектура. Нашата крајна цел е во Балканскиот регион да го имплементираме сето она за кое нашите тренери во изминатите пет години потрошија време и знаење а тоа е:комплетно авторски изработена програма, сертификати директно од аутодеск САД, споделување на квалитетни знаења и подучувања, работа на сопствени проекти, наоѓање вработувања за нашите курсисти, посочуваат од компанијата.

6

5

За сите заинтересирани предавачите стојат на располагање за објаснување и запишување на курсевите а и за бесплатна презентација. Сертифициран тренинг центар на АУТОДЕСК САД за AUTOCAD, 3DS MAX и MAYA. Подетални информации на info@edukacijaanimacija.com

2