Кундерас го посети прифатниот транзитен центар Гевгелија

Кундерас го посети прифатниот транзитен центар Гевгелија
Кундерас го посети прифатниот транзитен центар Гевгелија
Министерот за надворешни работи на Холандија Берт Кундерс денеска го посети прифатниот транзитен центар во Гевгелија каде и оддаде голема благодарност на Македонија во исполнувањето на обврските и одговорното однесување во справувањето со бегалската криза која е обврска на сите членки на ЕУ и земјите од балканската рута.

– Од глетката во кампот добив измешани емоции оти гледам многу мали деца и млади жени кои тргнале по светот да бараат егзистенција. Се обидуваме да се справиме со оваа ситуација и да најдеме решение заедно со Владата на РМ, со УНХЦР и невладините организации затоа што безбедноста за сите нас и за бегалците кои тргнале да бараат можности за живот е многу важна, рече шефот на холандската дипломатија.

Кундерс нагласи дека Кралството Холандија ќе ја подржи Македонија во справувањето со кризата како и да се најде заедничка солуција на сите земји членки на ЕУ со Македонија и останатите земји во регионот, границите да останат отворени за мигрантите со засилени мерки на индентификација и регистрација.

– Македонија нема да биде жртва на бегалската криза. Затоа дојдов токму и до тука да ја подржам Македонија. Тоа ќе го сторам и на идниот состанок на оваа тема што ќе е одржи во четврток во Брисел, посочи Кундерас.

Државниот секретар во МВР Анастасија Илиеска го запозна министерот Кундерас со опременоста на кампот и неговата подготвеност за прифаќање на бегалците. Илиеска нагласи дека Македонија и натаму ќе ги исполнува своите обврски со засилени мерки на идентификација и дека ќе ги пропушта амо бегалците од подрачјата зафатени со војна.

– Летните месеци низ кампот поминуваа 90 отсто машки, а сега тој процент на бегалци, и покрај лошите временски прилики, е зголемен во корист на децата и жените кои доаѓаат по околу 40 отсто, а само 20 отсто се мажи. Нивната дневна бројка моментно се движи до околу 2.000, најмногу до 3.000, рече Илиеска која потенцира дека соработката со колегите од спротивната страна сеуште не е на потребното ниво и оти ниту Фронтекс ја нема исполнето обврската за распоредување на 26 полицајци на грчката граница.

– Од сето тоа во Грција моментно има само шет припадници на Фронтекс од кои двајца се сниматели и преведувачи, поради што ние бевме принудени на нашата граница да побараме засилување и помош од колегите од Хрватска, Србија, Унгарија и Чешка, рече Илиеска.