Куновска: Колкумина во СДСМ знаат што има во пакетчето до Мала Речица?

Согласно високите стандарди за демократија, колкумина во СДСМ знаат што има во пакетчето до Мала Речица?, прашува на својот ФБ профил проанешната пратеничка од СДСМ и екс претседателка на Градската организација на партијата, Софија Куновска.

-Демократијата ќе се востанови само ако секој од нас ја негува и бара насекаде околу нас. Без исклучок. Дома, на работа, на улица, во институциите ама и во сопствената партија. Да речеме,  наградно прашање бр.1: Согласно високите стандарди за демократија, колкумина во СДСМ знаат што има во пакетчето до Мала Речица? Демократијата е моќ на убедување на инакумислечките во исправноста на сопствените идеи.  Во спротивно се добива #НаТаткоИмПартијата Во СДСМ има прекалени борци а не непријатели на социјалдемократијата и на татковината, пишува Куновска.

sofija

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.