Куп на конфедерации: Победи на Португалија и Мексико

Во натпреварите од второто коло на Групата А од фудбалскиот Куп на конфедерациите Португалија со 1:0 ја совлада домашната селекција на Русија, додека Мексико со пресврт славеше над Нов Зеланд со 2:1.

Во првиот натпревар, со Португалците го совладаа Русите со голот на Кристијано Роналдо постигнат уште во 8 минута. Домашните фудбалери се трудеа во продолжението да го израмнат резултатот, но подобрите гостински играчи успеаја да ја постигнат целата и во вториот натпревар да ја забележат првата победа, откако во првото ремизираа со Мексико (2:2).

Фудбалерите од Нов Зеланд изненадувачки беа супериорни во првото полувреме, откако Мексико стартуваше дури со осум нови играчи во однос на мечот со португалската селекција. Новозеланѓаните поведоа со 1:0 преку Вуд во 32 минута. Сепак, Мексиканците со измените во второто полувреме ја оправдаа улогата на фаворите ни направија целосен пресврт преку Хименез во 54 и Пералта во 72 минута.

По двете кола Мексико и Португалкија имаат по четири бодови, Русија има три, а Нов Зеланд е без бодови, откако и во првото полувреме беше поразен со 0:2 од домаќинот на турнирот.

Во последното коло на 24 јуни Русија ќе се соочи со Мексико и ѝ е потребна победа за да мине натаму, а Португалија ќе игра со отпишаниот Нов Зеланд.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.