недела, 25 јуни 2017  |  Вести денес: 40

Куп на конфедерациите: Чиле сигурен против Камерун

Cameroon vs Chile

Поврзани вести

Во средбата од првото коло на Групата Б од фудбалскиот Куп на конфедерациите, репрезентацијата на Чиле во Москва ја совлада селекцијата на Камерун со 2:0 (0:0)

Головите за шампионот на Јужна Америка ги постигнаа Артуро Видал во 81 минута и Едуардо Варгас во последните моменти од мечот.

Иако практично победата беше обезбедена на самиот крај, дуелот меѓу јужноамериканскиот и африканскиот првал во целост им припадна на Чилеанците кои можеа и поуверливо да слават.

Варгас уште во 48 секунда од мечот ја погоди стативата на Камерун, а Чиле до крајот на првото полувреме имаше уште неколку одлучни шанси. Варгас во 45 минута постигна гол, но беше поништен по видео анализата. Во второто полувреме на крајот беше скршен отпорот на африканскиот шампион.

Во вториот меч од оваа група во понеделник се среќаваат Германија и Австралија.

Најчитани вести