„Купи куќа за млади“ доби зелено светло од Комисијата за финансирање и буџет

Измените на Законот за субвенциониран станбен кредит со кои ќе се овозможи реализација на проектот „Купи куќа за млади“ е во финална фаза во Собрание и денеска доби зелено светло од Комисијата за финансирање и буџет.

Со измените на законот ќе може да се имплементира проектот „Купи куќа за млади“ кој е еден чекор понатаму од постоечкиот проект „Купи куќа, купи стан“, а е наменет за младите луѓе кои немаат сопствен дом. Со измените на законот за младите луѓе се подобруваат условите од претходниот закон и се овозможува младите лица да добијат повисок износ на субвенции и подолго да бидат субвенционирани доколку преку проектот земат кредит за купување, изградба, надградба или доградба на куќа,  истакна вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески образлагајќи го законот на Комисијата за финансирање и буџет.

Ставрески посочи дека има две опции кои им се понудени на младите луѓе преку овој проект.

Првата опција предвидува за период од 8 години да се субвенционира 80 отсто од месечната рата- главница и камата, а следните три години се субвенционираат 50 отсто од месечната рата при што максималниот износ за кредит може да достигне 50.000 евра. Каматната стапка е утврдена за првите пет години – првите три години 3,95%, четвртата и петата година 4,44%. Понатаму банката ја утврдува каматната стапка, но таа не смее да биде повисока од каматните стапки на редовните станбени кредити на банката.

Втората опција е доколку лицето нема доволно средства за учество за да добие станбен кредит тогаш се овозможува 100 отстотно покритие на учеството од страна на Владата кое максимално може да достигне 12.500 евра за кредит од 50.000 евра. Каматната стапка во овој модел е фиксирана на 6-месечен ЕУРИБОР плус 4,5% на годишно ниво за цело времетраење на отплата на кредитот. Сите средства кои ги доделува Владата се неповратни со услов додека трае отплатата на кредитот куќата да не се отуѓува посочи вицепремиерот Ставрески.

Усвоени два амандмани на законот

На Комисијата…