„Купи куќа за млади“ доби зелено светло од Комисијата за финансирање и буџет

На Комисијата за финансирање и буџет беа усвоени и два амандмани на законот со кои старосната граница на младите кои ќе аплицираат за проектот се прошири и сега ги опфаќа и оние кои имаат полни 35 години. Исто така за проектот ќе може да аплицираат и оние луѓе кои имале стан или куќа на свое име, но во последните три години ги оттуѓиле за купување на поголем дом.

„Купи куќа за млади“ доби зелено светло од Комисијата за финансирање и буџет
„Купи куќа за млади“ доби зелено светло од Комисијата за финансирање и буџет

Критериумите за приходите кои лицето треба да ги има се следните: Ако станува збор за лице кое не е во брак, неговите месечни приходи треба да бидат помали од 900 евра, ако пак станува збор за брачен пар приходите треба да бидат помали од 1.300 евра. Значи приходите треба да бидат пониски од овие суми, ова е највисокиот лимит кој не треба да се надмине. Проектот е наменет за сите кои сакаат да градат нова куќа, да купат куќа од овластени правни лица што градат такви куќи или да доградат куќа на постоечко место, на куќата во сопственост на нивните родители и слично. Значи овозможуваме широк спектар на имотно правни состојби каде лицата може да ги искористат за да го добијат овој кредит. За кредитот може да аплицираат и лица кои не се во брак и лица кои се во брак, значи брачниот статус не е услов за аплицирање, истакна Ставрески.

Како што посочи министерот за финансии овие посебни погодности се нудат за младите бидејќи тие кога се вработуваат на почетокот немаат заштеда. Затоа на овој начин државата им помага да земат и отплаќаат станбен кредит, односно им дава поддршка на почетокот.