петок, 26 мај 2017  |  Вести денес: 28

„Купи куќа за млади“: Oдобрени 18 апликации, a се разгледуваат уште околу 80 барања

Преку првиот модел – „Субвенција на месечна рата“ Владата во тек на 11 години отплаќа дел од ратата за кредит за куќа и тоа првите 8 години 80% од ратата (главнина и камата) и следните три години (9-та, 10-та и 11-та) 50% од ратата.

sostanok-640x360

Поврзани вести

Досега одобрени се вкупно 18 апликации, од кои 16 се за изградба на нова куќа а 2 се за доградба/надградба на куќа, од кои 17 се за моделот „субвенција на ратата“, а 1 е за моделот „субвенција на учеството“. Покрај овие одобрени барања во банките во фаза на разгледување се околу 80 барања кои треба во наредниот период да се обработат.

Ова го истакна денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на работниот состанок за проектот „Купи куќа за млади“ и основање на индустриски зони во опоштините.

Преку првиот модел – „Субвенција на месечна рата“ Владата во тек на 11 години отплаќа дел од ратата за кредит за куќа и тоа првите 8 години 80% од ратата (главнина и камата) и следните три години (9-та, 10-та и 11-та) 50% од ратата. Пресметките покажуваат дека граѓаните кои ќе го искористат овој модел можат да добијат и до 33.000 евра неповратни средства за купување изградба или надградба на куќа од причина што субвенцијата за кредит од 50.000 евра изнесува 33.000 евра, субвенцијата за кредит од 40.000 евра изнесува 28.000 евра, субвенцијата за  кредит од 30.000 евра изнесува 20.000 евра….

За вториот модел „Субвенција за учество“, Владата субвенционира 100 отсто од учеството од кредит (до 25% од земениот кредит) за купување на куќа и средствата кои можат да се добијат преку овој модел се до 12.500 евра, од причина што  субвенција за учество за кредит од 50.000 евра изнесува 12.500 евра, субвенција за учество за кредит од 40.000 евра изнесува 10.000 евра а субвенција за учество за кредит од 30.000 евра изнесува 7.500 евра…

-Досега одобрени се вкупно 18 апликации, од кои 16 се за изградба на нова куќа а 2 се за доградба/надградба на куќа, од кои 17 се за моделот „субвенција на ратата“, а 1 е за моделот „субвенција на учеството“. Од овие 18 одобрени барања се субвенционирани станбени кредити во вкупен износ од 609.002 евра за кои вкупно одобрените субвенции за двата модела изнесуваат 382.351 евро, рече Груевски.

По општини, во Илинден се одобрени 4 барања, Кисела Вода и Кочани по 2 барања, додека Ѓорче Петров, Карпош, Сопиште, Свети Николе, Радовиш, Македонска Каменица, Кавадарци, Гевгелија, Прилеп и Струга по 1 барање.

-Покрај овие одобрени барања во банките во фаза на разгледување се околу 80 барања кои треба во наредниот период да се обработат а паралелно со тоа ние треба да продолжиме со работа на дефинирање на нови парцели за овој проект во општините, да работиме на процесот на изработка на урбанистичката документација за што Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ помагаме при изработката на детални урбанистички планови и нивно финансирање а ќе помагаме онака како што најавивме и трошоците на општините за градба на водовод, канализација и пат, рече Груевски.

Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски рече дека во 49 општини има 53 локации за „Купи куќа за млади“, со што е достигнат првичниот план да се обезбедат околу 7.000 локации каде ќе може да се градат куќи од овој проект. Тој нагласи дека се очекува до крај на годината, почеток на идната година да се почне со продажба на парцелите.

Најчитани вести