Македонија

„Купи куќа, купи стан“ денес во Гевгелија

„Купи куќа, купи стан“ денес во Гевгелија

Во текот на денешниот ден во Гевгелија, претставници на Министерството за финансии, банки и локални градежни компании во рамки на карванот „Купи куќа, купи стан“,  ќе одржат презентација на проектот.

На настанот, кој ќе се одржи во Театарот во Гевгелија (мала сала) во 17 часот, претставниците ќе презентираат како како да се аплицира за субвенциите, кој може да аплицира, како и локална понуда на станови и плацеви за куќи.

Карванот „Купи куќа, купи стан“ продолжува секоја следна недела во друг град: Штип, Струмица, Тетово, Велес и Куманово