„Купи куќа купи стан“ ги урна каматите на кредитите

„Купи куќа купи стан“ ги намали каматите на кредитите. Најголемите банки во земјава објавија дека каматните стапки за станбените кредити ќе изнесуваат под 3% во првите три години од отплатата на кредитот. Оваа каматна стапка е значително помала од периодот пред почетокот на владиниот проект,

Во 2010 година станбените кредити беа со камата над 8% на годишно ниво, со стартот на Купи куќа купи стан во 2012 година тие почнаа да паѓаат. Сега изнесуваат под 3%.

Заради ваквите поволности на „Купи куќа купи стан“ зголемен е и интересот за проектот. Само во последните три недели пристигнале над 50 апликации.

Досега преку „Купи куќа купи стан“, станбеното прашање го решија над 350 семејства, а исплатени се субвенции во висина од 2,5 милиони евра.