„Купи куќа, купи стан” на Скопски саем од 3 до 7 март

„Купи куќа, купи стан” ќе биде партнер на овогодинешниот Саем за градежништво, градежни материјали и градежна механизација, кој ќе се одвива од 3 –ти до 7-ми март на Скопски саем.

На саемот ќе учествуваат голем број градежни компании, кои ќе понудат станови на попусти кои ќе достигнат и до неколку илјади евра и ќе важат само за саемските денови.

Проектот „Купи куќа, купи стан” на Министерството за финансии продолжува со организација и учество во саемски активности, бидејќи на тој начин на граѓаните им се обезбедува целосна информација на едно место. И на овој саем, граѓаните освен што ќе можат да се запознаат со понудата на станови, да разгледаат понуда на градежни материјали за изградба на куќа, ќе можат и да се информираат од луѓето од Министерството за финансии како да аплицираат за проектот „Купи куќа, купи стан”, се вели во соопштението од Министерството за финансии.

Оттаму ги известуваат сите заинтересирани граѓани,  дека оние кои од денеска ќе ја посетат Канцеларијата „Купи куќа, купи стан”, ќе добијат бесплатни влезници за Саемот за градежништво.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.