„Купи куќа, купи стан“ утре пред гевгеличани

Карванот „Купи куќа, купи стан“, утре ќе биде презентиран пред граѓаните на Гевгелија.  Министерството за финансии заедно со претставници на банките и локални градежни компании ќе одржат презентација на проектот: како да се аплицира за субвенциите, кој може да аплицира и локална понуда на станови и плацеви за куќи.

Настанот ќе се одржи во Театарот во Гевгелија (мала сала) во 17 часот.

Министерството за финансии ги повикува сите заинтересирани граѓани за проектот да дојдат на презентацијата.

Карванот Купи куќа, купи стан продолжува секоја следна недела во друг град: Штип, Струмица, Тетово, Велес и Куманово.