„Купи куќа, купи стан“ утре пред Прилепчани

Министерството за финансии и претставници од банките и локалните градежни компании утре во Прилеп ќе продолжат со презентација на владиниот проект „Купи куќа, купи стан“.

На граѓаните ќе им биде објаснето како да се аплицира за субвенциите, кој може да аплицира и локална понуда на станови и плацеви за куќи. Настанот ќе се одржи во Општината во 17 часот.

Од Министерството за финансии ги повикуваат сите заинтересирани граѓани за проектот да дојдат на презентацијата.

Во неделите кои следуваат, карванот ги посети  Гевгелија, Струмица, Штип, Тетово, Велес и Куманово.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.