вторник, 28 март 2017  |  Вести денес: 65

Купил јагниња, не сакал да ги плати

Полицијата поднесе кривична пријава против лице од село Кокошиње, Кумановско, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „измама”.

јагниња

Поврзани вести

Ј.Д. во април 2016 година купил 130 јагниња од С.М. (40) од село Конопница, Крива Паланка, за кои требало да плати 141.700 денари, но преку правното лице „Мелани Компани“ ДООЕЛ Куманово на трансакциска сметка префрлил само 90.000 денари. Останатите 51.700 денари до денот на поднесување на пријавата не ги префрлил.

Оштетениот С.М. не добил ниту каква било компензација во средства или храна.

Најчитани вести