Купувачи на недвижности во Франција се постари и побогати, цените се повисоки

Купувачите на недвижности во Франција се се’ постари и располагаат со буџет кој константно расте, покажува студијата на францускиот портал ПАП, кој е наменет за тие клиенти.

Според анкетата спроведена меѓу посетителите на сајтот, дури 57,9 отсто се постари од 40 години, додека во анкетата од 2009 година, тој процент изнесувал 47,3 отсто пренесуваат француските медиуми.

Исто така 66,6 отсто од испитаниците, потенцијални купувачи на недвижности, веќе поседуваат некој стан за разлика од 57,5 отсто од нив, во 2009 година.

Студијата исто така открива дека помладите од 40 години ги сочинуваат само 42 отсто од клиентите, наспроти 52 отсто во 2009 година.

Како што наведуваат авторите на ова истражување, очигледно е дека одржувањето на високо ниво на цените на имотот, ги елиминира помалку имотните категории граѓани и доведува до стареење на клиентелата.

Според ова, уделот на пензионери меѓу купувачите на становите и куќите речиси и двојно поголем, од 7,2 отсто во 2009 година на 14,3 отсто во 2014.

Студијата, покрај ова открила дека кандидатите за купување на недвижности се повеќе потекнуваат од повисоки социјални класи, а 37,6 отсто од нив извршуваат некои високи функции, додека службеници има 18,6 отсто.

Дека кандидатите за купување на недвижности се поимотни, покажува и податокот дека повеќе од една третина (35,1 отсто) планираат половина од цената да ја исплатат во готовина, за разлика од 23 отсто од нив во 2009 година.

Пораснал и уделот на оние кои планираат за купување на имот да потрошат повеќе од 400 илјади евра и тоа 13,9 отсто во 2009 година на 25 отсто оваа година. Анкетата е спроведена на репрезентативен примерот од 6045 кандидати за купување на стан или куќа, во период од декември 2013 до февруари 2014 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.