Купувал пиво со фалсификувани евра на Пиво Фест во Прилеп

Дваесетгодишниот Н.Ц. од Крива Паланка доби кривична пријава поради фалсификување на пари.

Тој за време на „Пиво Фест 2014“ во Прилеп поседувал три фалсификувани банкноти од по 100 евра, а со едната купил и пијалок од штандовите. Кусурот му бил вратен во денари. При обидот да пушти во оптек уште една банкнота,  бил забележан и спречен во намерата.

Полицијата му ги одзела трите фалсификувани  банкноти во апоени од по 100 евра и денарите кои како кусур му биле вратени.