Македонија

Курц до Грција: Срамно е што ЕУ држава пропушта илјадници мигранти дневно

Курц до Грција: Срамно е што ЕУ држава пропушта илјадници мигранти дневно

Срамно е што една ЕУ држава се поврзува со пропуштање на илјадници мигранти дневно. Ова го истакна австрискиот шеф на дипломатијата Себастијан Курц.

Курц говореше за проблемот со илегалните мигранти во рамките на Самитот за земјите од Западен Балкан со ЕУ што се одржува во Виена, за време на министерската сесија на која учествуваа министрите за надворешни работи на државите од регионот, на Германија и на неколку други членки на ЕУ, како и претставници на ЕК.

Ние како ЕУ треба да им појасниме на земјите кои не спаѓаат во нашата група како треба да ги прават работите и треба да бидеме самокритични дека е срамно што една ЕУ држава се поврзува со пропуштање на илјадници мигранти дневно. Тоа е срамно и ние како ЕУ треба  да преземеме спротивни мерки бидејќи тоа е неприфатливо за Македонија, а потоа и за Србија и Унгарија каде се упатуваат натаму бегалците, рече Курц во пораката наменета до Грција, пренесе МИА.

Курц: Потребна е промена на системот

Австрискиот министер во својство на домаќин на Самитот зборуваше и за заработката од транспортот на мигрантите од еден до друг граничен премин со такси возила за цена десет пати повисока за мигрантите. Тој рече дека постои потребата од, според него, системски промени кои би го спречиле тоа во иднина.

Курц: Ситуацијата во Македонија со мигрантите е драматична, ЕУ мора да помогне!
Курц: Ситуацијата во Македонија со мигрантите е драматична, ЕУ мора да помогне!

Кога го гледаме тоа, сметам дека треба да размислиме за промена на системот кој би ги спречил овие работи натаму. Можеби тоа би биле системи за барање азил директно во средините од каде потекнуваат мигрантите, а ако мигрантите, сепак, мораат да летаат во Европа, тоа да биде сигурен и безбеден пат, истакна министерот Курц.

Во поздравното обраќање австрискиот канцелар Вернер Фајман истакна дека целта на Самитот е континуиран напредок на интеграциските процеси кои се важни и за Европската унија, но и за напредокот на државите од Западен Балкан.

Фајман во однос на проблемот со илегалните мигранти посочи дека е потребен заеднички одговор.

Потребен е заеднички и координиран ангажман на ЕУ и државите кои ги засега оваа појава. Без распределба на одговорности, осигурување и контрола на границите, нема да се реши кризата, затоа потребна е одлучност во решавањето на овие предизвици, порача канцеларот Фајман.