Курц: Договорот од Минск нема алтернатива

Договорот од Минск за надминување на конфликтот во источна Украина нема алтернатива, изјави шефот на австриската дипломатија Себастијан Курц по средбата со неговиот украински колега Павло Климкин, пренесе МИА.

– Приоритети во овој момент треба да бидат повлекувањето на тешкото оружје, воспоставување на трајно примирје и реформа на Уставот (на Украина), порача Курц.

Како што соопшти австриското Министерство за надворешни работи, Курц на синоќешната средба со Климкин ветил поддршка од Виена за Киев и најавил дека Авструја ќе одвои дополнителни еден милион евра за помош на украинските граѓани.

Курц нагласил и дека Австрија е подготвени да го зголеми бројот на своите членови во Набљудувачката мисија на ОБСЕ во Украина од сегашните 17 на 30 лица.