Курц: Ердоган ја развива Турција во опсен правец

Австрискиот министер за надворешни работи, Себастијан Курц, однесувањето на  турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган го нарече „диктаторско“ и неприфатливо.

„Тој земјата ја развива во погрешен и опасен правец. Во Турција систематски се прекршуваат човековите права и основни демократски вредности“, посочи Курц.

Австрискиот министер рече дека иако Анкара сака до 2023 година да стане членка на ЕУ, тоа нема да се случи.

„Европјаните се свесни дека во 2023 година е стогодишнината од формирањето на турската Република.

Меѓутоа, мора да биде јасно дека земјата се повеќе се оддалечува од Европа“, истакна Курц.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.