Курц ја посети ХЕЦ „Матка”

Министерот за надворешни работи на Австрија Себастијан Курц денеска, во рамки на официјалната посета на Република Македонија,  ја посети хидроцентралата „Матка” на ЕВН Македонија.

Курц имаше можност да се запознае со богатата историја на ХЕЦ Матка, која датира од триесетите години на минатиот век и е поврзана со електрификацијата, а со тоа и развојот на Градот Скопје.