Курц: Мигрантите кои бараат азил во ЕУ треба да ги држиме на острови

Мигрантите кои ќе аплицираат за азил во некоја од земјите членки на ЕУ, треба да бидат држени на острови и да не им се дозволува директен пристап до континетот, се додека не бидат разгледани нивните барања, изјави австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц.

– ЕУ треба да преземе некои аспекти од австралискиот модел за справување со мигрантскиот прилив, изјави Курц во интервју за денешниот број на австрискиот весник „Пресе“.

Во согласаност со својата строга имигрантска политика, која често е мета на критики на организациите за заштита на човековите права, Австралија сите апликанти за азил ги префрла на островот Манус во Папуа Нова Гвинеја, на Науру во Тихиот Океан или на Велигденските Острови во Индискиот Океан, каде тие престојуваат во мигрантски кампови се додека не бидат разгледани нивните барања за азил.

Според Курц, примената на овој „австралиски модел“ во Европа би ги обесхрабрил мигрантите во нивните обиди по морски пат да стигант до европскиот континент.

– Секако, австралискиот модел не може во целина да се преслика, но во Европа би можеле да бидат прменети некои негови принципи, оцени Курц, додавајќи дека сличен модел бил применуван и во САД во првата половина на 20-от век, кога сите мигранти кои ќе приситгнале во Њујорк биле префрлани на блискиот осторов Елис, каде останувале додека да се разгледаат нивните барање за влез на американска територија.

Според шефот на австриската дипломатија, во Европа за таа цел би можел да биде користен италијанскиот остров Лампедуза или некои од грчките острови во Егејското Море, каде веќе и има кампови за сместување на мигрантите.

Курц во интревјуто изразува скепса во однос на ефектите од Договорот меѓу ЕУ и Турција за заприрање на мигрантскиот прилив кон Европа и предлага Унијата да усвои резолуција со која би се предвидело дека сите оние мигранти кои ќе се обидат илегално да влезат на европска теритоија, да го загубат право да аплицираат за азил.