Курц: Мирот во Европа е можен само со Русија

Шефот на австриската дипломатија Себастијан Курц рече денеска во Брисел дека мирот во Европа е можен само со Русија и оти ЕУ треба да развие стратегија за долгорочно поставување на односите со Русија.

– Сметам оти е погрешно само да се реагира на настани. Потребна е стратешка дискусија за да се дојде во нова фаза, порача тој пред почетокот на состанокот на шефовите на дипломатиите на земјите-членки на ЕУ.

Курц изрази надеж дека ќе се успее во пронаоѓањето мирољубиво решение, оти мировниот план од Минск ќе стане реалност и оти ќе постои стабилен однос со Русија.

– Мирот во Европа е можен само со Русија, рече тој, додавајќи дека тоа не значи прифаќање на анексијата на Крим.

Шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штанјмаер нагласи дека на овој состанок нема да има одлуки во врска со Украина. 

фото:diepresse.com

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.