Курц: Новата маршрута на мигрантите може да поминува низ Црна Гора

Новата маршрута на мигрантите може да поминува низ Црна Гора, изјави денеска во Подгорица шефот на австриската дипломатија Себастијан Курц на прес-конференцијата со црногорскиот колега Игор Лукшиќ, пренесува МИА.

Ако Австрија биде принудена да ги запре бегалците на граница можно е тоа да има последиви за Западен Балкан и новата маршрута на мигранти може да поминува низ Црна Гора, посочи Курц.

Лукшиќ истакна дека Црна Гора уште минатата година составила план за евентуална миграциска криза, но не наведе детали од планот. Тој додаде дека Црна Гора не биле вклучена во темата на меѓународно ниво, но оти Подгорица е подготвена за регионална соработка за мигрантите.

За да се спречат негативните последици, политиката на сите држави треба да биде координирана, истакна Лукшиќ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.