Курц: Опозицијата мора да го поддржува исполнувањето на Договорот од Пржино

Опозицијата мора да го поддржува исполнувањето на Договорот од Пржино. По утринскиот работен појадок што министерот за надворешни работи на Унгарија Петер Сијарто и неговиот австриски колега Себастијан Курц го организираа за евроинтегративниот процес на Македонија, покрај останатите шефови на дипломатиите на ЕУ-земјите, беа присутни и македонскиот вицепремиер Фатмир Бесими и министерот за надворешни работи Никола Попоски.

Шефот на австриското МНР, Себастијан Курц, исто така го поддржа мислењето и ставот на унгарскиот министер.

Ние сите се согласивме дека ни треба целосна имплементација на политичкиот договор што беше посредуван од Јоханес Хан во минатите недели и опозицијата мора да го поддржува исполнувањето на договорот. Сакам да ја искористам можноста да и се заблагодарам на Македонија за многу позитивната улога што ја игра во бегалската криза. Тоа многу им помага на земјите како што се Австрија, Германија или Шведска. Сите се согласивме на сосанокот дека треба да ја искористиме 2016 година за да добиеме вистински прогрес на интегративниот пат кон ЕУ на Македонија, истакна Курц.

Македонскиот шеф на дипломатијата Никола Попоски им се заблагодари на унгарскиот и на австрискиот министер за надворешни работи за организирање на овој настан и порача дека “Македонија доби седум позитивни препораки да започне со пристапните преговори и ниту еден од нив не и дозволил на земјата да се посвети на овој процес”.

Веруваме дека е време да се донесе до највисоко ниво кредибилитетот на европската интеграција и ова дефинитивно ќе биде важно за политичките процеси во земјата. Од таа страна, ЕУ инвестираше многу енергија во тоа да се има политички договор што ќе ни дозволи да имаме парламент со целосен обем, да продолжиме со реформите, вклучително и членовите на најголемата опозициска партија не само во парламентот, туку и во критичните владини позиции и да се обезбеди транзициски период за подготвка на избори. Изборите, според овој договор треба да се одржат на 24 април и ние веруваме во успешно спроведување на изборите, што ќе може да ја засили позицијата на европска страна и дефинитивно да започнеме со пристапниот процес во 2016 година. Тоа ќе биде од корист на двете, на европските данокоплаќачи и на македонските граѓани, бидејќи Македонија покажа капацитет да биде кредибилен партнер, истакна Попоски.

Шефот на македонската дипломатија, исто така додаде дека миграциската криза е друго сериозно прашање на кое Макеоднија покажала капацитет и кредибилитет да се справи со големио предизвик. Според Попоски, над 800 илјади лица минале низ македонска територија кон Европа и дека ако се сака да се справи со ова, дефинитивно е потребен европски одговор.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.