четврток, 25 мај 2017  |  Вести денес: 37

Курц: Постизборните одлуки треба да ги донесат партиите

Нашата цел како Австрија е ние во Македонија и натаму да имаме силен партнер, посакуваме стабилност во оваа земја и се надеваме дека реформите и европскиот курс и натаму ќе продолжат, истакна тој.

popovski-kurc-640x294

Последни вести

Придонесот на Македонија за затворање на Балканската мигрантска рута уште еднаш е потенциран од страна на австрискиот министер за надворешни работи и претседавач со ОБСЕ Себастијан Курц, кој заедно со неговиот домаќин, вицепремиерот и министер за надворешни работи Никола Попоски беше во посета на каменот 49 на македонско-грчката граница во близина на Гевгелија, каде минуваше оваа рута.

Попоски на синоќешната прес-конференција во Скопје истакна дека на котата 59 во минатото имаше многу кризни ситуации, но оти таму се виде добра можност за соработка меѓу Македонија од една страна и земјите-членки на ЕУ, особено со Австрија, и со грчките колеги, од друга.

– Се виде дека можеме да се справиме со предизвиците со кои никој не веруваше дека ќе се справиме, истакна Попоски.

Партнерството на Македонија со Австрија, додаде тој, не постои само во економијата, бидејќи имаме над 40 инвеститори од оваа земја, но исто така и во делот на безбедноста, борбата против радикализацијата, насилниот екстремизам, поврзувањето на двете земји, а тоа е европскиот проект.

– Во изминатиот период покажавме дека можеме одлично да соработуваме, рече Попоски додавајќи дека Македонија посебно ја цени австриската поддршка на патот на евроинтеграциите за целиот регион.

Курц уште една и се заблагодари на Македонија за, како што рече, што го издржа притисокот и што даде толкав придонес за справување со мигрантската криза.

– Имаме намалување на рутата за 98 проценти. Значи, 98 проценти помалку луѓе ја поминуваат денеска оваа рута во однос на 2015 година. Во изминатите четири месеци во Европа влегоа ист број луѓе колку што влегуваа за еден или два дена, рече Курц.

Австрија како претседавач на ОБСЕ оваа година, рече, е фокусирана на борбата против радикализацијата, да се зајакне довербата во ОБСЕ, како во Украина каде има големи тензии меѓу Запад и Исток, и решавање на постоечките конфликти.

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со перспективите за решавање на спорот за името со Грција, шефот на македонската дипломатија Попоски рече дека овој спор наметнува многу големо ниво на неправда и на негирање определени факти кои на никој друг не му се оспоруваат во европски рамки.

– Мислам дека треба да го одбереме патот  кој го одиме во последниот период на градење меѓусебна доверба и на приближување на двете земји на што е можно повеќе теми и на тој начин создавање услови во еден даден момент навистина дијалогот да се издигне на тоа политичко ниво во кое би се зафатиле со најтешкиот проблем. Денес не би можел да кажам дека за тоа има услови, не само поради оваа ситуација на неправда која ја гледаме низ годините наназад туку и поради реалната политичка ситуација и во Грција, рече Попоски.

Во однос на тоа дали на Македонија и треба помош однадвор за решавање на политичката криза, Попоски изјави дека најголемата помош би била граѓаните да одлучат како ќе се носат одлуките.

– Најголемата помош што може да ни се даде е во услови на успешно демократски спроведени избори за кои сите имаме ист став дека се кристално чисти да се остави вољата на граѓаните преточена преку мандатите во Парламентот да одлучи за тоа како во иднина ќе ги носиме одлуките. Ова ќе биде најправилно и ќе биде единственото решение кое го должиме и на граѓаните на Република Македонија кои масовно излегоа на изборите. Понатаму треба да се одлучи во овој парламентарен состав од 120 пратеници по кој пат ќе одиме, рече Попоски.

Ставот на Курц по ова прашање е дека партиите во Македонија треба да ги донесат одлуките по изборите.

– Имаше политичка криза пред изборите, бидејќи не беше можно да се одржат избори. Јас лично мислам дека не треба да се зборува за тоа што не фукционира туку да се зборува и за нешто добро. Може да кажам дека сум многу задоволен што се одржаа изборите што беа слободни, фер и демократски и дека сите партии го признаа резултатот од овие избори и за мене така функционира една демократија. Сега во моментов партиите треба да ги донесат одлуките што треба да се донесат по изборите. Нашата цел како Австрија е ние во Македонија и натаму да имаме силен партнер, посакуваме стабилност во оваа земја и се надеваме дека реформите и европскиот курс и натаму ќе продолжат, истакна тој.

Македонскиот министер за надворешни работи Попоски запрашан дали е можен повторен конликт во земјите од Западен Балкан, кажа дека имало поприличен труд за „долевање масло на огнот“ во минатиот период од многу страни.

– Покажавме едно ниво на зрелост, што би рекол не својствено за регионот, да не се навлекуваме сите на дневните изјави на  политичари кои го прават тоа за поени во сопствената земја. Мислам дека тоа е патот напред, рече Попоски.

Најчитани вести