четврток, 8 декември 2016  |  Вести денес: 16

Курц: Затворањето на балканската рута за мигрантите е правилна одлука

Курц, пред комитетот за надворешна политика во австрискиот парламент, ги негирал тврдењата на дел од пратениците дека затворањето на балканската рута ги преоптоварило Грција и Италија.

kurc-mnr

Поврзани вести

Затворањето на балканската рута за мигрантите беше правилна одлука, оцени денеска министерот за надворешни работи на Австрија, Себастијан Курц.

Курц, пред комитетот за надворешна политика во австрискиот парламент, ги негирал тврдењата на дел од пратениците дека затворањето на балканската рута ги преоптоварило Грција и Италија.

Шефот на австриската дипломатија истакнал дека ниту една година во овие две земји немало толку многу барања за азил од Австрија и ги отфрлил тврдењата дека Австрија води политика на оградување од бегалците.

„Ние не смееме да ги затвориме очите пред страдањето во светот. Меѓутоа, неограничен прием на бегалците во централна Европа не може да биде никаков одговор за намалување на овие страдања“, рекол Курц.

Курц се заложил за употреба на средствата од Европската Унија за подобрување на ситуацијата на бегалците на лице место.

 

 

Најчитани вести