Курц: Ѕидовите делуваат!

Министерот за внатрешни работи на Австрија, Себастијан Курц истакнува дека ЕУ мора самостојно да се грижи за своите надворешни граници, а не да звиси од некој друг и додава дека ѕидовите делуваат, пренесува Танјуг.

Тој во интервју за автсриското радио „Ое1“ го негира тврдењето дека ѕидовите, слични на оној на унгарско-српската граница не делуваат.

Ако би билa точна теоријата дека ѕидовите не функционираат, дека не е можно било каде во светот да се обезбедат границите, тогаш се прашувам како на други места во светот тоа функционира. Се прашувам и зошто границата меѓу Турција и Бугарија функционира, каде пред повеќе години е поставена ограда. Исто така и Шпанија успеа да го сопре бранот на мигранти со ограда, нагласува Курц.

Тој подвлекува дека „изјавата дека ѕидовите не делуваат е целосно погрешна“.

Шефот на австриската дипломатија побара подобра заштита на границите на ЕУ, додавајќи дека не смеат да станат зависни од Турција. Според  неговите зборови, сосема е возможно делотворно да се обезбедуваат границите  и да се регулира преминувањето на меѓите.

Тој изрази увереност дека е возможно да се создадат системи што би овозможиле регулирано преминување на границите.

Што се однесува до Сирија, Курц ја осуди интервенцијата изјавувајќи дека руските сили не ги бомбардираат само терористите од  ИД, туку и опозицијата и бунтовниците, што само го зајакнува режимот на Башар ал Асад и создава опасност во земјата да дојде до конфликт помеѓу големите сили.