Курдите соборија турски воен хеликоптер во Ирак

Курдите соборија турски воен хеликоптер во Северен Ирак, кој според нив се користел во воздушните напади на Турција. Засега турските власти не го коментираат инцидентот, пишува „Раша Тудеј“ повикувајќи се на извори од местото на настанот.

Претходно Анкара призна дека врши воздушни напади врз територии на Курдите во Ирак. Турската војска исто така врши напади и врз Курдите во земјата, како и ракетни напади врз Курдските сили во северна Сирија.

Наводно, последното прелетување на турскиот воен хеликоптер било кобно откако курдските сили успеале да го соборат.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.