Курдите тврдат дека ИД регрутирала 200.000 лица

Џихадистичката групација Исламска држава регрутирала околу 200.000 лица во својата војска, што е многу повеќе од досегашните проценки на западните разузнавачки служби, изјави Фуад Хусеин, началник на штабот на курдскиот претседател Марсуд Барзани, објави МИА.

Хусеин истакна дека ИД контролира една третина од ирачката и сириската територија, на кои живеат меѓу десет и 12 милиони луѓе. Тој додаде дека станува збор за површина еднаква на Велика Британија, што на исламистите им овозможува да регрутираат голем број луѓе.

Хусеин нагласи дека ИД дејствува на сирискиот фронт, поради што е мошне тешко да се елиминира нејзината војска, дури и со помош на американски воздушни напади.

Според претходните проценки на ЦИА, ИД регрутирала меѓу 20 илјади и 32 илјади војници.