Курдите тврдат дека ИД употребила хемиско оружје

Курдите тврдат дека ИД употребила хемиско оружје
Курдите тврдат дека ИД употребила хемиско оружје

 

Курдската единица за заштита на Курдите и набљудувачите од Група за човекови права соопштија дека борците на Исламската држава употребиле поектили со течен гас во минатимесечните борби во сириската област Хасекех.

– Се ширеше гас со силен мирис на скапан лук. На земјата имаше течност, која во почетокот беше зелена, но во контакт со сонцето стана жолта. Гасот предизвика главоболки, болки во мускулите, како и нарушување на концентрацијата и движењето кај војниците. Тие што подолго беа изложени на гасот и повраќаа, се посочува во соопштението на Единица за заштита на Курдите.

Во соопштението се додава и дека курдските борци во последните недели заплениле индустриски гас маски од исламистичките сили, што потврдува дека тие се подготвени и опремени за хемиска војна во тој дел од фронтот.

Ниту Курдите ниту набљудувачите од Група за човекови права не можат да прецизираат кој вид на хемикалија е користена во нападите на ИД.