Курдите влегоа во зградата на Парламентот во Хаг

Полициските сили за разбивање на демонстрации се распоредени кај зградата на Парламентот во Хаг, а на небото кружат хеликоптери, јавуваат холандските медиуми, пренесува Танјуг.

Портпаролот на Курдската Федерација, соопшти дека е се работи за мирен протест за да се обрне внимание на ситуацијата во Кобане каде само што не се одвил геноцид.

Холандскиот РТЛ наведува дека групата е меѓу 60 или 70 Курди успеала да се пробие низ обезбедувањето и влезе во зградата на Парламентот.

Полицијата засега по овој повод не се огласила, пренесува Ројтерс.

Сириската опсерваторија за човекови права соопшти дека џихадистите на Исламската држава зазеле индустриски области во стратешки важниот сириски град Кобане на границата со Турција.

Агенциите пренесуваат дека повеќе од 2.000 сириски Курди, меѓу нив жени и деца, се евакуирани од Кобане, како и дека Исламската држава напредува накај центарот.

Повеќе од три недели, сириските Курди водат тешки борби со џихадистите од Исламската држава, која настојува да го освои граничниот град Кобане, бидејќи претходно зеземала големи делови од Сирија и Ирак.

Џихадистите на Исламската држава го истакнале своето знаме на една зграда во источниот дел на Кобане.