Свет

Курдите зазедоа сириска воена база која беше под контрола на ИД

Курдите зазедоа сириска воена база која беше под контрола на ИД
Курдите зазедоа сириска воена база која беше под контрола на ИД

Курдските сили вчера ја ставија под своја контрола воената база во сириската провинција Рака, која беше во рацете на „Исламска држава“.

Пред околу една седмица, Курдските сили за самоодбрана ја протераа „Исламска држава“ од стратешки важниот сириски град Тел Абијад, што се наоѓа на границата со Турција на сто километри северно од градот Рака, што е во рацете на екстремистите.

Од почетокот на јуни, курдските сили почнаа офанзива против позиции на ИД во провинцијата Рака.