Свет

Курдски борци протераа џихадисти од северен Ирак

Курдски борци протераа џихадисти од северен Ирак
Курдски борци протераа џихадисти од северен Ирак

Курдски борци во северниот дел на Ирак ги протераа џихадистите од групата „Исламска држава“ од територија поголема од 140 квадратни километри во близина на градот Киркук и ослободија дел од значаен автопат во таа област.

Першмерга курдски борци со поддршка на воздушни напади на коалицијата предводена од САД, ги потиснаа џихадистите јужно од Киркук и ослободија дел од автопатот што го поврзува градот Самара во централниот дел на земјата со Багдад, соопшти Безбедносниот совет на регионот Курдистан.

Селата Мезирија, Губеб, Седа, Мохамед Калил, Ковс Курд, Тал Вард, Калеф и Мансури, кои се наоѓаат јужно од Киркук се исчистени од џихадисти, се наведува во соопштението.

Во борбите загинаа најмалку 10 пешмерга борци, додека 16 се повредени. Курдските власти наведуваат дека некои од припадниците на ИД се видени како се повлекуваат кон градот Хавиџ, кој е под нивна контрола.

ИД изврши офанзива во северен Ирак летото 2014 година и сега држи под контрола над една третина од територијата на Ирак и Сирија.