Курдски бунтовници киднапирале 10 деца во источна Турција

Курдски бунтовници киднапирале 10 деца во источниот дел на Турција.

Триесетмина вооружени борци на ПКК ноќта во неделата влегле во селото Чатекле и им наредиле на жителите да се соберат пред селската џамија. Тие соопштиле дека ќе земат со себе 10 деца на возраст меѓу 12 и 15 година, меѓу кои и едно девојче. Бунтовниците изјавиле дека децата ќе бидат обучувани за борци на ПКК.

Гувернерот на округот, Ведат Бјукерсој истакна дека за случајот е започната истрага.