Свет

Курдските борци бележат напредок во борбите против џихадистите

Курдските борци бележат напредок во борбите против џихадистите

Курдските борци „бележат напредок“ во борбите против џихадистите од Исламска држава (ИД) за преземање на контролата над вештачката акумулација кај Мосул, соопштија денеска курдски воени извори.

Станува збор за операција на курдксите сили „пешмерга“, потпомогнати од американското Воено воздухопловство.

Во нападите на американските авиони се уништени десетици воени возила и оклопни транспортери, што џихадистите им ги одзеле на војниците од ирачката армија за време на борбите во северен Ирак почетокот од летото.

Возилата и околопните транспортери војската на САД и го остави на новата ирачка армија при повлекувањето од Ирак.

Органзацијата Исламска држава се појави како една од сунитските исламистички групи кои војуваа на страна на сириските бинтовници во обидот за соборувае од власт претседателот на Сирија Башар ал Асад, но откако зајакна се префрли во Ирак и во брза офанзива, користејќи го слабиот отпор на ирачката војска, успеа да освои голема територија во северан и западен Ирак и најави формирање „Исламски Калифат“.

На таа територија тие ги ликвидираат припадниците на сите несунитски верски заедници со масовни стрелања и егзекуции со обезглавување на луѓето.

Браната на вештачката акумулција кај Мосул, која е најголема во Ирак, џихадистите ја освоија на 7 август. Таа има стратегиско значење за северен Ирак, затоа што акумулираната вода се користи за пиење и за производство на електрична енергија.

Се стравува дека евентуалното оштетување на браната би предизвикало катастрофа, затоа што брановите вода би го разурнале Мосул и би предизвикале поплави во Багдад.