Курдските борци од Ирак тргнаа накај Кобане

Десетици курдски борци тргнаа од Ирак кон сирискиот град Кобане, за им помогнат на тамошните Курди во борбата против групата на Исламската држава.

Во текот на верашниот ден попладне, 50-6- возила го напуштиле ирачкиот град Ербил, како и неколку автобуси кои пренесувале борци и возила кои сосебе влечеле топови.

Курдските официјали лица во овој град претходно изјавија дека повеќе од 150 борци биле подготвени да тргнат и со авион да пренесат лесно оружје.

Се очекува тешкото наоружување да биде транспортирани преку Турција.

Сириските Курди се борат против припадниците на ИСИС во Кобане и неговото окружување од средината на септември. Поркај авионападите за поддршка на Курдите кои ги предводат САД, борците на ИСИС продолжија со нападите.

Минатата недела локалната ирачка курдска Влада дала дозвола 150 Прешмерги да тргнат во борба во Сирија.

Турција не покажа волја да и се придружи на САД и коалицијата за борба против ИСИС, но по притисокот на своите сојузници од Западот, претседателот Реџеп Тајип Ердоган, минатата среда изјави дека ќе дозволи Пишмерите да поминат низ Туеција на патот кон Кобане.

Сили за поддршка

Халгорд Хекмат, портпаролот на курдското министерство на здружени Пешмергци, изјави дека силите за поддршка се вооружени со автоматско оружје, минофрлачи и ракети.

Тие би требале да се борат во првата линија на фронтот.

Распоредувањето на овие сили е без краен рок, а министерот Мустафа Ќадер изјави дека борците ќе останат се додека се потребни.

ИСИС зазема десетина курдски села во околијата на Кобане и сега контролира одредени делови на градот. Во борбите се убиени повеќе од 800 лица, велат активистите, а повеќе од 200.000 жители пребегнале во Турција.

Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Велика Британија соопшти дека коалицијата предводена од САД вчера извела три воздушни напади над Кобане, а мета им биле борците н а ИСИС.

Американската Централна команда изјави дека воздушни напади биле изведени и во понеделникот и вчера на териториите на Ирак и Сирија.

Во Сирија, во четири в оздушни напади во близина на Кобане се уништени четири борбени штабови на ИСИС и мала единица на борци, се наведува во соопштението на САД.

ИСИС зазема големи делови од територијата на Ирак и Сирија и е обвинет за ужасни злосторства во двете земји.