„Курир“: 20-те мерки на ВМРО-ДПМНЕ за младите, одговор на нивните барања и потреби

Младите луѓе во изминатите два месеци добија точно 20 проекти, кои ги предложи ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски. Тие предизвикаа ултра голема популарност кај младите, студентите средношколците, а истите преставуваат одговор на нивните барања и потреби. Решавање на крупните животни прашања, стипендии, обуки, спортска и културна инфраструктура, поволности и бесплатни превози се само дел од овие проекти за младите, пишува „Курир“.

Купи куќа за млади

Со проектот „Купи Куќа“ под исклучително поволни услови се овозможува младите до 35 години да си го решат станбеното прашање и да дојдат до свој дом, до своја куќа.

Овој проект е надграден со дополнителнителна иницијатива општините раководени од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ да понудат парцели за изградба на типски населби, со најмалку или повеќе од сто куќи, каде младите ќе може преку проектот купи куќа да дојдат до свој дом.Месецов започна и караван „Купи куќа за млади“ каде ќе се појаснуваат особеностите и можностите кои ги нуди проектот. Почетниот интерес е повеќе од задоволителен.

Купи куќа за млади
Купи куќа за млади

Презентацијата ќе опфати посебно појаснување на условите за младите не постари од 35 години кои можат да ги добијат субвенциите од Владата доколку платата на двајцата брачни другари е помала од 1.300 евра или доколку поединец има помала плата од 900 евра месечно. Рокот на отплата  на кредитот е најмалку 20 години со можност за предвремена отплата по 12 години за моделот рата  или по десет години за моделот учество.

Моделот субвенција на рата овозможува поддршка од Владата за отплата на месечната рата во висина од 80 отсто во првите осум години и 50 отсто од ратата во 9-тата, 10-тата и 11-тата година од периодот на отплата на кредитот чија што каматна стапка во првите три години изнесува 3,95 отсто и 4,44 отсто за четвртата и петтата година по кое каматата ќе ја одредува банката, но таа не смее да биде повисока од каматната стапка на другите станбени  кредити.

Бесплатен превоз за студенти и средношколска среда

Одлично функционира и бесплатниот превоз за сите редовни студенти од државните универзитети во јавниот градски сообраќај, секој ден во неделата, на сите линии, активно се применува. И во првиот месец на примена, над 12.500 студенти започнале да ја користат и овој број постојано расте и тој број се движи 15 илјади.

Почнувајќи од први јануари 2016 година, а заради грижа за повисок студентски стандард, на сите редовни студенти на државните универзитети ќе им биде овозможен бесплатен превоз во јавниот градски сообраќај, односно во јавниот автобуски превоз во Скопје и во другите градови каде што има организиран јавен автобуски превоз. Сите редовни студенти од државните универзитети ќе можат да користат бесплатен јавен градски превоз секој ден во неделата, на сите линии. Со оваа мерка е предвидено на сите редовни студенти од државните универзитети да им се доделат картички од ЈСП-Скопје и од другите јавни претпријатија во градовите каде што има јавен автобуски превоз, за да можат бесплатно да ја користат услугата на јавните сообраќајни претпријатија. За да се имплементира оваа мерка, Владата ќе исплаќа трансфери на средства кон соодветните единици на локална самоуправа – изјави Груевски при најавата на мерката.

А истиот огромен интерес е и за мерката средношколска среда со кој се обезбедија бесплатни билети за театрите, музеите, кината и бесплатен превоз на жичарницата на Водно за средношколците.

Следејќи ја успешната приказна на проектот „Слободен четврток“ наменет за студентите, преку овој нов проект, кој се вика „Средношколска среда“, ќе се стремиме да ја подигнеме мобилноста, квалитетот на забава и посетеноста на културните институции како театри, музеи и кина од средношколците.

Бесплатно наградно патување за најдобрите студенти

Веќе се предвиде во програмите на министерството и се направиле сите подготвителни активности,  за мерката со која се обезбеди бесплатно наградно патување за најдобрите студенти на трите најдобро рангирани универзитети во Република Македонија кои се пред дипломирање и веќе во мај јуни оваа година ќе отпатува првата група студенти на една од трите предвидени дестинации за Париз, Венеција и Барселона.

Владата планира мерка која ќе ги стимулира студентите да се борат преку учење и знаење да бидат меѓу најдобрите и најквалитетните. Таа стимулативна мерка предвидува за оние студенти на државните универзитети кои ќе имаат најдобар успех во студирањето, поточно кои дипломирале со просек над 9.50 на еден од првите три највисоко рангирани универзитети во Македонија, Владата секоја година ќе обезбеди наградно патување со авион во една од трите најатрактивни дестинации Париз, Венеција или Барселона со целосно покриени трошоци за авионски билет, покриени хотелски трошоци и исхрана, истакна Груевски.

Перални и сушални во државните студентски домови

Се работи и на проектот за обезбедување на перални и сушални во државните студентски домови со што ќе задоволи една долгогодишна нивна потреба и барање.

Низ нашата комуникација со студентите се судривме со овој значаен проблем кој ни беше посочен од нивна страна и кој можеби целокупната јавност и не е току приоритетен. Но, за над 6.500 студенти во домовите значи проблем за нивно функционирање но и финансиски товар за нивните буџети. Во насока на задоволување на потребите на студентите сместени во студентските домови и зголемување на студентскиот стандард, ВМРО-ДПМНЕ следејќи ги најновите позитивни искуства применувани во студентските домови во повеќе европски држави, се реши да ги опреми со нови перални и сушални сите 10 постоечки студентски домови во Македонија. Вкупно за сите студентски државни домови се предвидени 50 машини за перење и 50 машини за сушење, распоредени во зависност на бројот на студентите во секој од нив. Со ова ќе се надмине еден реален и долгогодишен проблем на студентите сместени во државните студентски домови и ова ќе биде задоволување на уште едно барање на студентите, додаде Груевски.

Стипендии за постдипломски и доктроски студии

Исто така започнале…