„Курир“: Бламажа на сдсмовецот- Што пуши Јани Макрадули?

Што пуши Јани Макрадули? Ова е прашањето кое се наметна во јавноста откако поранешниот пратеник и висок фунционер на СДСМ Јани Макрадули на својот Фејсбук профил самиот се бламираше и излезе со целосно невистинити тврдења за денешниот проект за млади лица кој го објави Владата, пишува „Курир“.

Како што напоменува порталот, Макрадули денеска објави статус на Фејсбук со кој покажа покажа дека е целосно аут од политичкиот живот, но и од реалноста.

Тој на социјалните мрежи напиша дека “изгледа Груевски, Ставрески и Пешевски ја тестирале марихуаната пред пресот за кредити за куќа за лица до 35 години. Услов било мажот и жената да земаат заедно плата над 1.300 евра“.

jani-p

Што пуши Макрадули за вака јавно да се бламира не е познато, но очигледно е дека поранешниот пратеник на СДСМ е во голема заблуда. Вистината е дека за да може да се аплицира за проектот, услов е примањата да бидат до 900 евра за поединец или до 1300 евра за брачните другари, како што изјави денеска премиерот Никола Груевски, пишува „Курир“.

Порталот потсетува уште еднаш на изјавата на премиерот, кој на денешната прес-конференција јасно кажа денеска дека проектот ќе важи за брачни другари кои имаат до 1300 евра приход, а не над како што се бламира Макрадули. Ова само покажува дека во опозициската партија се целосно полудени и се обидуваат со вакви провидни лаги да го оспорат овој мега проект кој е поздравен од целата јавност.

Ако се изразиме со речникот на овој сдсмовски перјаник, останува дилемата што пуши Јани Макрадули. Во секој случај Макрадули покажа дека покрај тоа што е во аут од политичкиот зивот (иако моли Бога некој да го активира), веројатно е аут и од реалноста штом се обидува со вакви лаги да прави евтини спинови. Едно е сигурно,ова е невидена бламажа на Макрадули.

Во секој случај, Владата треба да му е благодарна што со вакви незрели ФБ статуси, освен тоа што се брука самиот, го популаризира и владиниот проект, а тоа воедно го прават и Бранко Героски и Плусинфо, кои дури и се одлучија ваквиот досега невиден бисер на Макрадули да го објават ударно на порталот , пишува „Курир“.

Прес конференцијата во која премиерот го најави најновиот мега проект на владата проследете ја на следниот линк.