„Курир“ : Бројни лапсузи на Заев штом го тргне погледот од сценариото

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев и на денешната прес-конференција покажа дека е премногу збунет во своите настапи. Тој сето она што го зборува мора да го чита, а само што ќе го тргне погледот од хартијата веднаш прави киксови и лапсузи, пишува „Курир“.

Само неколку секунди откако престанува да чита, тој кажува некоја нелогична, неосмислена и смешна грешка.

Во изливот на мудрости, на минатата прес-конференција, на пример, тој истакна дека “рибата смрди од опашката“, а неговата заменичка Радмила Шекеринска реагираше со гримаси и разочарување.