среда, 29 март 2017  |  Вести денес: 52

„Курир“ : Дали Јанева работи по закон или по политичка наредба?

katicajaneva-sjo

Поврзани вести

Дали Јанева работи по закон или по политичка наредба? Ова прашање денес го поставува порталот „Курир“ откако лидерот на СДСМ Зоран Заев при посетата на Капиштец ги обзнани следните чекори на Специјалното јавно обвинителство.

Лидерот на СДСМ и самиот потврди дека со Катица Јанева имаат заеднички план за дејствување. Во Капиштец пред два дена тој ги обзнани следните чекори на СЈО и нарачките кои Катица Јанева треба да ги спроведе за Заев. Кои се нејзините следни чекори, никој не би можело да знае, освен оној кој со неа има тесна соработка, пишува порталот „Курир“.

Не само што има формирано Специјално обвинителство, тоа обвинителство ќе испорача наредби за истраги, обвинителни акти и дај Боже и притвори за овие криминалци што ја водат државата, рече Заев.

Како што пишува порталот, опозицискиот лидер очекува Катица Јанева да му биде ударна тупаница и директно да му помогне на СДСМ за изборите.

Чекам резултати. Јас се борев заедно со вас за ова Специјално обвинителство, е сега резултатите ќе се испорачаат и тоа ќе има влијание врз изборите, рече Заев во Капиштец.

„Курир“: Заев го потврди заедничкиот план со Катица Јанева

„Курир“: Заев го потврди заедничкиот план со Катица Јанева

Инаку, Заев најавува дека наскоро мора да има нешто од СЈО и дека тоа ќе влијае на изборите. „Курир“ нагласува дека како прво, обвинителството кое е во рацете на Катица Јанева треба да го интересира правдата, а не изборите. Второ, но исто така многу важно, е прашањето зошто некој, во случајов Заев, би се потпирал  на постапки на обвинителка, а не на своја партиска програма?

Специјалната јавна обвинителка не излезе со реакција на ваквите изјави кои ги даде опозицискиот лидер за нејзините активности. Со ваквото нејзино однесување останува отворено прашањето- Дали Јанева работи по закон или по политичка наредба?

Каракамишева: Заев врши притисок врз СЈО, а Јанева молчи за упадот во нејзината надлежност

Професоркатар Тања Каракамишева-Јовановска во изјава за КУРИР вели дека Заев врши притисок врз СЈО, а Катица Јанева молчи за директните упади во нејзината надлежност.

Лидерот на СДСМ, во неколку наврати до сега, свесно врши силен притисок врз работата на Специјалното јавно обвинителство, преку директно посочување што треба да работи овој државен орган, кои предмети треба да бидат први за процесуирање, а кои треба да бидат оставени за натаму, и како треба да изгледа епилогот од сработената работа. Тој пред јавноста дури отиде и чекор понатаму, си наметна судска тога и потпиша притвор за неговите политички непријатели. Глумејќи самоувереност, без никакво прикривање, сосема јасно и недвосмислено лидерот на СДСМ ја диригира работата на Специјалното јавно обвинителство како да е тоа негов партиски орган кој треба да работи по партиска директива, а не државен орган кој е под заклетва дека ќе ги почитува Уставот и законите на државата. И најиндикативно од се е што Јанева не се оградува од овие и вакви партиски директиви, туку одлучува да молчи. Таа молчи за ваквите директни упади во нејзините надлежности. Преку молчењето таа директно ја прифаќа оваа состојба како нормална и како законска. Во други конкретни случаи, каде постои незаконско постапување на нејзините соработници, специјалната обвинителка не молчи, ама сосема несмасно се одлучува да глуми дека “не е од тука” и покрај тоа што и е јасно дека  однесувањето на поединци од нејзиниот тим е спротивно на Уставот и на законите, вели професорката за КУРИР.

Таа вели дека…

Најчитани вести