„Курир“: Дали Катица Јанева е „Чадорот“ на Заев и Верушевски?

Зоран Верушевски не откри што е тоа што ќе зоврие и ќе излезе од контрола. Зоран Верушевски не кажа пред судот, ниту како „мирот ќе експлодира“, ниту пак што точно значи навиката „друг да страда“. Зоран Верушевски не му објасни на судот ниту кога или како ќе се случи граѓанската војна што ја најавува. Зоран Верушевски не објасни ниту кој е чадорот што ја штитеше неговата организирана криминална  група.

Верушевски одби на тогаш надлежното јавно обвинителство за гонење организиран криминал да им ја каже шифрата од трикриптот, односно заштитата во неговиот компјутер која органите на прогонот не можеа да ја пробијат. Една од претпоставките е дека скапиот и современ софтвер кој го набавил од странство, Верушевски веројатно го искористил за да ги заштити најчувствителните податоци.

Јанева побара Верушевски да биде ословоден од притвор

Како Специјален  Јавен обвинител, Катица Јанева по устав и по закон е обврзана да го гони уште пожестоко овој човек кој се уште претставува сериозна закана. Наместо да притисне уште повеќе за расветлување на сите дилеми од случајот „Пуч“ согласно овластувањата кои и стојат на располагање, Катица Јанева одлучи да побара Зоран Верушевски да биде ослободен од притвор.

Јанева не даде образложение до јавноста зошто се одлучи на ваков срамен и недоличен потег за еден обвинител. Дали Катица Јанева знае кој е “чадорот“ или таа самата била „чадорот“?

Дали Катица Јанева ја доби шифрата од трикриптот, односно заштитата од компјутерот на Верушевски? Дали на Катица Јанева не и пречат најавите за граѓанска војна и страдање на другите?

Сите овие легитимни прашања останаа неодговорени.

Како што најави Фокус, кој е близок на СДСМ,  пред една недела, Катица Јанева одлучи да побара Зоран Верушевски да биде ослободен од притвор.

Барањето за ослободување од притвор доаѓа во ситуација кога Катица Јанева го крши законот и не презема никакви мерки против Зоран Заев кој одбива да ги предаде 600.000 незаконски снимени и незаконски стекнати телефонски разговори на македонски граѓани.

70.000 такви разговори се пронајдени и кај обичен криминалец наречен Чауш кој ги препродавал и надвор од земјава. Зоран Заев, самиот призна дека овој криминалец доаѓал кај него во партиските канцеларии и дека имале соработка.

Инаку, името на Зоран Верушевски не е прв пат поврзано со афери. Неговото име се вртеше и  околу случајот „Големото уво“ кој заврши со амнестија. Неговото име се вртеше и околу скандалите со незаконско земање на државни станови, а честопати беше присутен во јавноста и како полициски функционер кој ја злоупотребувал моќта што ја има за да го спаси сопствениот син од криминалите кои ги вршел.