четврток, 1 декември 2016  |  Вести денес: 60

„Курир“: Дали СЈО и Апелација ќе постапуваaт за Заев?

Овие денови актуелена е политичката хајка организирана од Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и најголемата опозициска партија СДСМ против битолскоот градоначалник Владимир Талевски, пишува „Курир“.

katicajaneva-sjo

Поврзани вести

Овие денови актуелена е политичката хајка организирана од Специјалното јавно обвинителство  (СЈО) и најголемата опозициска партија СДСМ против битолскоот градоначалник Владимир Талевски, пишува „Курир“.

Порталот потсетува на настаните од изминатиот период кога дел од судиите потклекнаа на притисоците од опозицијата и си поплукаа на претходната одлука доделувајќи мерка куќен притвор. Сега Апелација треба да одлучува по однос на жалбата што ја поднесе одбраната на градоначалникот на Битола.

Во јавноста нема дилеми дека станува збор за класична политичка хајка, бидејки  е јасно дека Талевски постапувал законито кога станува збор за превозот на ученици. Но, она што е вистински скандал е тоа што СЈО молчи кога станува збор за Струмица и превозот кој го организирал Зоран Заев, односно Катица Јанева нема намера кривично да го гони струмичкиот градоначалник и лидер на СДСМ, пишува „Курир“.

Порталот потсетува дека освен тоа што во просек струмичани плаќале скоро двојно поскап превоз, голем дел од тендерите припаднале на фирмата на функционерот на СДСМ, Лефтер Андонов. Во игра биле милиони, а Андонов добивал и по 9 тендери дневно.

Пресконференција на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Васил Пишев

Пресконференција на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Васил Пишев

Фирмата на функционерот на СДСМ Лефтер Андонов „Тритерол“ ДООЕЛ, не е единствена која добила близу 1 милион евра бизниси од општина Струмица. Тендери од општина Струмица добиле уште две други фирми на Лефтер Андонов со име „Тритерол бенз“ и „Тритерол турс“ ДООЕЛ. Во игра се милиони, а фирмите на Лефтер се апсолутно фаворити за добивање на сите тендери во Струмица. Преку фирмата „Тритерол бенз“ функционерот на СДСМ Лефтер Андонов ја снабдува општина Струмица со нафта, па така во ист ден „Тритерол бенз“ добива три тендери во декември 2012 година во висина од 1,5 милион денари, изјави Пишев вчера ан прес-конференција.

Истата фирма, рече Пишев, уште еден тендер претходно добила во висина од 389.400 денари.

Истата „Тритерол бенз“ тендери добила и од струмичкото ЈП Комуналец, и тоа во ист ден во висина од цели 12.120.000 денари. Во 2014 година третата фирма на Лефтер Андонов „Тритерол турс“ исто така добива тендер од општина Струмица од дополнителни 115.640 денари. Со други зборови фирмите на функционерот на СДСМ Лефтер Андонов се апсолутни фаворити на сите тендери на Општина Струмица. Кланот Заеви се зголемува и збогатува преку уште една фирма. Затоа ваквите сериозни сомневања за криминал мора да бидат расветлени. Сега е јасно зошто Струмица плаќа зголемена цена на превозот и скоро двојно повеќе од една Битола. Време е СЈО да се откаже од политичките хајки и да почне да се занимава со вистински сомненија за криминал кој постои во општина Струмица. Време е Заев да си оди. Струмица бара оставка од Заев, рече Пишев.

Од СЈО молк, а останува да се види како Апелација би расудувала и дејствувала доколку стануваше збор за Зоран Заев кој очигледно е вплеткан во голем потенцијален скандал во Струмица со дебела криминогена позадина на испумпување на општински пари. Дали Апелација би го сочувала интегритетот останува да се види во случајот на Талевски.

Најчитани вести