„Курир“ : Дали Спасовски повторно наредил вработените да удрат по медиумите?

Вработениот во Секторот за односи со јавност Тони Димитриевски повторно удри по медиумите, пишува порталот „Курир“.

Порталот потсетува на пишувањата во медиумите кои пред извесно време информираа дека Димитриевски е еден од малкумината што прифатиле да ги извршуваат нарачките на Спасовски во замена за ветување за унапредување.

toni-dimitrievski

Останува отворено прашањето дали новите навреди кон медиумите од Димитриевски е уште една нарачка од техничкиот министер од редовите на СДСМ, кои пак медиумите ги сметаат за непријатели, според изјавата на лидерот Зоран Заев.

Ваквите навреди кон медиуми сами по себе се скандалозни, во овој случај дополнително бидејќи Димитриевски работи во Секторот на МВР кој секојдневно остварува комуникација и работи со медиуми.

cilimanov-fejsbuk-2

Вчера новинарот Цветин Чилиманов на социјалната мрежа Фејсбук објави статус во кој вели дека МВР официјалните соопштенија и дневни билтени до медиумите ги испраќа од мејл кој не е официјален.

Засега се уште не е јасно и останува отворено прашањето дали зад ова мејл адреса од која се испраќаат соопштенија до медиумите од МВР стои истиот Тони Димитриевски кој навредува медиуми.